Вести Најважни Свет

Петте тони марихуана пронајдени во Србија биле набавени од Македонија

Петте тони марихуана пронајдени во село во близина Крушевац биле набавени од Македонија во текот на месецов, соопшти српското обвинителство за организиран криминал објавија тамошните медиуми  а еден од осомничените  Иван Драгниќ е ко-сопственик на компанијата „Алфафарм“ од Скопје. За обвинителите индикативно е тоа што фирмата е за производство и преработка на медицински канабис

  • Обвинителство за организиран криминал Србија: Според планот на организаторот, осомничениот Иван Драгниќ ја транспортирал дрогата преку границата до магацинот на семејството на осомничените Спасојевиќ, од каде што осомничениот Урош Младеновски ја земал за понатамошна продажба.

Петмина се осомничени за неовластено производство и дистрибуција на дрога. Меѓу  тројцата што вчера добија притвор според иницијалите е и Драгниќ.

Според податоците на Бизнис мрежа и другите јавно достапни информации, Драгниќ е еден од четворицата сопственици но и управител  на Друштво за производство, промет, трговија и услуги АЛПХАПХАРМ ГРОУП ДОО Скопје.

Вишиот суд во Белград им одреди притвор на тројцата осомничени за запленетите пет тони марихуана која велат ја набавиле од Македонија

Еден од сопствениците на фирмата има исто презиме како осомничениот организатор  кој е во бегство за него српското обвинителство бара да се распише потерница

Фирмата  нема оставено број или електронска пошта за контакт. Основана е на 31.07.2023година.

Дали македонското министерството за внатрешни е информирано, дали се  истражува како 5 тони марихуаната ја поминале границата, од МВР без детали.

  • МВР: Министерството за внатрешни работи презема соодветни оперативно тактички мерки и активности согласно полициските овластувања. Воедно ве информираме дека македонската полиција на високо ниво соработува и разменува тековни информации со партнерските полиции од регионот и Европа.

Српската полиција во четвртокот соопшти дека петте тони  рекордна заплена на марихуана е проценета на вредност од 7 до 10 милиони евра.

Според медиумите, марихуаната била складирана во фирма на двајца од осомничените татко и син во селото Коњух,  од каде што понатаму ја дел од осомничените ја дистрибуирала во  Белград, за натамошна продажба.

Премиерот Мицкоски нема сознанија за аферата со марихуаната набавена од Македонија која завршила во Србија.

Од СДСМ прашаа кој дозволил преку македонската граница да помине огромна количина на дрога и обвинија дека без поддршка на структури во власта и во македонските институции ова е невозможно да се случи.

Елена Ивановска Мукоска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Мицкоски по „козметичката“ реконструкција на владата ќе најави предвремени избори оти нема пари во буџетот

Дејан Дејан

Мицкоски се сретна со сопственици на маркети – се согласиле инфлацијата во јули да остане под 3%

Дејан Дејан

(фото)Најмалку 18 починати во Франција како последица на топлото време, меѓу нив се и две деца заборавени во автомобил

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе