Вести Македонија Топ вести

Алиу се уште ја немал добиено оставката на Кедев од Здравствениот совет

До министерот за здравство Азир Алиу досега формално не е пристигната оставка на Кедев дека се повлекува од здравствениот совет, велат од Министерството за здравство.

Известувањето за повлекување на кардиологот Сашко Кедев од здравствениот совет е примено во Министерството за здравство на 23 јануари годинава односно пред осум дена, ова го покажува документот кој го објави „360 степени“.

Во дописот на Кедев до Алиу се вели: „Ве известувам дека се повлекувам од работата на здравствениот совет на Министерството за здравство, од причина што сметам дека започнатите контролни процеси треба да ги спроведуваат исклучиво компетентни кадри со веќе докажан стручен и професионален кредибилитет“.

Срцева на чело на Здравствениот совет во кој членуваат Кедев, Положани, Камнар, Антовиќ, Кафтанџиев, Цана, Мехмедовиќ и Вела

Повлекувањето на Кедев се случува во период кога Министерството за здравство веќе ангажираше странски експерти за да ги проверат наодите на домашната комисија која при проверка на 19, утврди десет случаи за извршени непотребни операции на срце или непотребно упатување на операции.

Алиу и Кедев седнаа на маса, но не открија што разговараа

Откако во август минатата година кардиологоот Сашко Кедев искажа сомневање дека приватни болници правеле непотребни операции на отворено срце само за да земат државни пари, Министрерството најави итни и вонредни надзори.

„Ние во моментот се соочуваме со нешто застрашувачко, а тоа се тие непотребни интервенции кои се профит ориентирани. Имаме пролиферација на приватни болници на кои интересот им е профитот. Тоа се лесно докажливи работи, имаме докази дека одредени центри треба да се затворат од медицински аспект. Да се случува тоа во САД или Англија, тоа ќе биде под клуч. Оперирале без потреба, сечеле граден кош без потреба, за тоа имаме докази. Тоа треба релевантните институции да преземат нешто, здравство, Фондот. Зборуваме за многу сериозни етички проблеми, поврзани со профит“, изјави тогаш Кедев за Канал77.

Фондот за здравство на двете најголеми приватни болници во Скопје во текот на 2024 година им исплатил околу 17 милиони евра за речиси 2.500 интервенции. Па, од тука се поставува прашањето, како за само неколку години оваа сума се зголемила за една третина. Но, уште поважно, според поранешниот директор на фондот за здравство Никола Пановски, не се вклучил алармот кај надлежните да ја проверат ситуацијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Единаесет загинати падна цивилен авион во Франција

Дејан Дејан

Температури над 40 степени – Западна Европа гори под „топлотната купола“, расте бројот на смртни случаи

Дејан Дејан

Започна иденфикацијата на жртвите од земјотресот во Венецуела – бројот на загинати надмина 1.430 луѓе

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе