Вести Свет Топ вести

Објавен досега најголем обем документи за истрагата за Епштајн

Американското министерството за правда објави документи на 3 милиони страници, заедно со 2.000 видеа и 180.000 фотографии во најновата истрага за Џефри Епштајн. Објавувањето на документите е согласно Законот за транспарентност со кој се овозможува да се открие што владата знаела за сексуалната злоупотреба на млади девојки од страна на милионерот и неговите врски со богаташите и моќните. Објавувањето претставува најголем обем на документи за сагата што администрацијата на Трамп се мачеше да ја разбие и која долго време беше во фокусот на онлајн детективите, теоретичарите на заговор и сите кои се сомневаа во прикривање на владини информации, барајќи целосно отчетност.

Откако беше пробиен рокот од 19 декември поставен од Конгресот за објавување на сите досиеја, Министерството за правда соопшти дека задолжило стотици адвокати да ги прегледаат записите за да утврдат што треба да се редактира или затемни. При тоа  негирајќи каков било обид да се заштити Трамп, кој покрај претходното пријателство вели дека ги прекинал врските со Епштајн пред години.

Сепак меѓу материјалите што се објавени има информации што би можеле да ја загрозат секоја тековна истрага или да ги откријат идентитетите на потенцијалните жртви на сексуална злоупотреба, републиканските сенатори тврдат дека администрацијата на Трамп прави се за да не им биде наштетено.

  • Претпоставувам и не ми е јасно зошто луѓето не разбираат дека овие документи мора да бидат редактирани. Мислам дека 20 или 30 луѓе со полно работно време ги прегледуваат сите овие досиеја, обидувајќи се да ги заштитат невините, жртвите, и ги прегледуваат што е можно побрзо. Станува збор за милиони документи. Жалам што сите излегоа вчера, но мислам дека оваа администрација, лично знам дека оваа администрација прави сè што може за да ги објави на што е можно поефикасен начин без да им се наштети на идентитетите на жртвите- Роџер Маршал, Сенатор републиканец.

Заменик-главниот обвинител Тод Бланш рече дека датотеките, кои беа објавени на веб-страницата на одделот, вклучуваат и некои записи за кои официјалните лица рекоа дека биле сокриени при првичното објавување на документи во декември. Демократите бараат прецизни одговори.

  • Министерството за правда вели дека сите документи се објавени. Па, дали тоа ги вклучува сите меморандуми за ко-заговорниците, сите меморандуми за корпоративна заштита, оригиналните извештаи на полициската управа во Палм Бич? Ни требаат одговори на тоа- Чак Шумер, сенатор демократ.

Бројот на документи што се предмет на преглед се зголеми на околу 6 милиони, од Министерството за правда велат дека е потребно повеќе време за да се разгледа дополнителната документација за да се осигури дека не се објавени чувствителни информации за жртвите. Министерството за правда на САД соопшти дека некои од објавените документи поврзани со случајот на осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн содржат невистинити и сензационалистички тврдења за американскиот претседател Доналд Трамп. Епштајн се самоуби во затвор во Њујорк во 2019 година додека чекаше судење.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Соколовска: неопходен е ентомолошки надзор за справување со комарците

Дејан Дејан

ВРЕДИ се пофали дека ги добива Правда од ЗНАМ и Kултура од ВМРО-ДПМНЕ, а го дава здравство- Димитриевски вели остануваме на две министерства

Дејан Дејан

Единаесет загинати падна цивилен авион во Франција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе