Министерството за правда објави нова серија досиеја поврзани со истрагите за Џефри Епштајн. Документите имаат за цел да откријат што знаела тогашната влада за сексуалната злоупотреба на млади девојки од страна на милионерот и неговите интеракции со богатите и моќните.
Досиејата вклучуваат дел од неколкуте милиони страници со записи за кои официјалните лица велат дека биле сокриени од првичното објавување на документи во декември.
Стотици адвокати од одделот ги прегледуваат досиејата за да го скријат материјалот што би можел да го открие идентитетот на жртвите. Претходно, милионерот Епштајн се самоуби во затвор во Њујорк во 2019 година додека чекаше судење.
Т.Д.
