Вести Македонија Топ вести

ПС на Советот на Европа го затвори пост-мониторинг дијалогот со Македонија

Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска донесе одлука за затворање на пост-мониторинг дијалогот со нашата држава, процес што беше отворен во 2000 година, информираше министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Како што истакна Муцунски, одлуката претставува важно институционално признание за напредокот и посветеноста на државата кон принципите и стандардите на Советот на Европа, како и јасна потврда за остварениот напредок во областите на демократијата, владеењето на правото, заштитата на човековите права и односите со соседните земји.

Министерот, како што е наведено во соопштението од МНРиНТ, нагласи дека посебна заслуга за успешно заокружување на овој долгогодишен процес има македонската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа,  како и Постојаната мисија на Република Северна Македонија при Советот на Европа.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Отчет на ВРЕДИ критики од ДУИ

Дејан Дејан

КОД: Кој сече шума на диво кај езерото Козјак?

Дејан Дејан

Соколовска: неопходен е ентомолошки надзор за справување со комарците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе