Вести Македонија

Иницијативата за гробишта за домашни миленици доби институционална поддршка

Македонија наскоро ќе добие гробишта за домашни миленици. Идејата, која доаѓа од Агенцијата за храна и ветеринарство, веќе доби поддршка од Министерството за локална самоуправа, Град Скопје и Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС.

Од АХВ информираат дека иницијативата е во почетна фаза и за нејзино реализирање ќе бидат потребни законски измени и вклучување на повеќе институции.

Првиот чекор е општините да ги одредат соодветните локации и да ја испланираат потребната инфраструктура.

  • „После остварување на состаноци и средби со голем број директори и градоначалници и дефинирање на локациите, локалната самоуправа ќе се погрижи за изградба и менаџирање на гробиштата“, изјави Тања Ололовска Ристевска од АХВ.

Поддршка за оваа иницијатива даваат и од здружението за заштита на животни „Анима Мунди“. Оттаму велат дека одамна барале вакво решение, бидејќи сметаат дека не е хумано труповите на починатите миленици да се фрлаат во комунален отпад или да се закопуваат на несоодветни јавни површини.

  • „Ја поздравуваме оваа идеја и се надеваме дека сега навистина ќе успее. Бидејќи досега на многу градоначалници ова им било во програма, но не се остварило“, кажа Гизела Бошковска од Здружение за заштита на животни „Анима Мунди“.

Со гробишта за миленици, сопствениците на домашни животни ќе добијат соодветно место за нивно згрижување по умирање. Ваква практика одамна постои во голем број земји, меѓу кои се Словенија, Србија, Хрватска, Бугарија и  Романија.

Тамара Марковска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран изврши напади со беспилотни летала врз Бахреин и Кувајт – Трамп се заканува „САД ќе бидат принудени воено да ја завршат работата“

Дејан Дејан

Мајка од струшко ги оставала своите две малолетни деца да спијат во возилото додека била на работа

Дејан Дејан

Врачување на највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата на манифестацијата „Мостови“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе