Вести Македонија Топ вести

Гаши ќе ги стави на гласање другите два предлози за нови членови на КЗСД, откако Џихан Ахмед ја повлече својата апликација

Собранието денеска  треба да гласа за изборот на новите тројца членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација кои го поминаа комисискиот филтер.

Пред пратениците се кандидатурите на Лимко Бејзароски,  Наташа Амдију, а  Џихан Ахмед ја повлече својата апликација по бројни реакции на јавноста, особено во делот кога од неа беше побарано да образложи на кој сегмент од Истанбулската конвенција ќе се посвети во нејзиното работење како дел од комисијата.

Мрежата за заштита од дискриминација реагира остро дека Собранието продолжува да ја партизира комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ќе ги стави на гласање другите два предлози за нови членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и ќе констатира дека е повлечена кандидатурата на Џихан Ахмед.

Мрежата за заштита од дискриминација побара од Собранието да не ја избере кандидатката Џихан Ахмед, предложена за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација бидејќи не ги исполнува законските услови.

Оценуваат и дека е разочарувачко и загрижувачко нејзиното непознавање на основни поими и меѓународни документи, меѓу кои и на Истанбулската конвенција, што се гледа од одговорот на прашање од претставник на мрежата за време на јавното претставување.

  • На кој темел од Истанбулската конвенција би работеле за време на вашиот мандат и со кое тело од Обединетите нации би воспоставиле постојана комуникација или соработка за третирање на дискриминаторски практики во образованието?, праша Атанас Аврамов од „Мрежа за заштита од дискриминација.
  • Со Истанбулската конвенција би работела, на пример откога е усвоен Истанбул. Значи, тие промени како што биле на почетокот, сега многу работи се сменија. Порано било, за време на Ататурк, мислам, имало забрана, еве, да одат забулени или секој има право да оди на работа или на училиште како што сака, не да се дискриминираат тие жени, еве што носат марама или по етничка припадност, од друга раса. Ако се гледа од тие години, сега имаат пошироко поле, како да ви објаснам, повеќе слобода и секој може да се изрази, така да, јас ова вака би го продолжила, како што е сега моментално во Истанбул, беше одговорот на Џихан Ахмед, кандидатка за член на Комисија за спречување на дискриминација.

Невладините бараат од пратениците да не гласаат за Џихан Ахмед- прашана за Истанбулската конвенција, одговори: „Јас вака би продолжила, како што е сега моментално во Истанбул“

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Отчет на ВРЕДИ критики од ДУИ

Дејан Дејан

КОД: Кој сече шума на диво кај езерото Козјак?

Дејан Дејан

Соколовска: неопходен е ентомолошки надзор за справување со комарците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе