Вести Свет

Зеленски: Подготвен американски документ за безбедносни гаранции

Американскиот документ за безбедносни гаранции за Украина е целосно подготвен и се чека одредување датум и место за негово потпишување, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на посетата на Вилнус. По потпишувањето, документот ќе биде испратен на ратификација во американскиот Конгрес и украинскиот Парламент.

Зеленски во Литванија се сретна со претседателот Гитанас Науседа, со кого разговараше за поддршката на украинскиот енергетски систем, воената соработка и заедничките одбранбени проекти. Тој го информираше и за разговорите меѓу украинската, американската и руската делегација во Абу Даби, нагласувајќи дека Украина продолжува да работи на завршување на војната.

Украинскиот претседател истовремено побара од сојузниците зголемена испорака на муниција за противвоздушна одбрана, поради интензивните руски напади со дронови, бомби и ракети. Зеленски истакна дека заштитата на украинскиот воздушен простор останува клучен приоритет во соработка со САД и европските партнери.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран изврши напади со беспилотни летала врз Бахреин и Кувајт – Трамп се заканува „САД ќе бидат принудени воено да ја завршат работата“

Дејан Дејан

Мајка од струшко ги оставала своите две малолетни деца да спијат во возилото додека била на работа

Дејан Дејан

Врачување на највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата на манифестацијата „Мостови“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе