Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против лице од Куманово поради основано сомнение за сторено кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
При полициска контрола во Скопје, во автомобил управуван од осомничениот биле пронајдени околу пет килограми марихуана.
Дрогата била спакувана во вакумирани најлонски ќеси и сместена во куфер во багажникот на возилото.
Надлежниот јавен обвинител доставил предлог до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје за определување мерка притвор за осомниченото лице.
