Загрижувачки се последните податоци кои говорат дека за само неколку години не само што не се намалува бројот на пушачи, туку се повеќе расте бројот на млади луѓе кои користат електронски цигари, мислејќи дека тие се помалку штетни.
Во Институтот за јавно здравје функционира телефонската линија за откажување од пушење, но факт е дека бројот на млади луѓе кои побарале помош е навистина мал. Затоа се инсистира на различен пристап кон различни возрасни групи.
Линијата се вика „НЕ ПУШИ, ОТКАЖИ СЕ“ и во Институтот функционира веќе година и пол. Линијата функционира би рекол до одреден степен успешно, сметам дека би требало да има поголем интерес од населението за јавното здравје, но од тие што се имаат јавено речиси 10% се имаат окажано, оние кои сакале. Тоа можеби не делува многу, но во согласност со стандардите од другите советувалишта, од другите светски, европски земји одговара тој процент. Јавувачите се претежно повозрасни, многу малку млади јавувачи имавме до сега и претежно возрасни луѓе над 40 години, кои се долгогодишни пушачи со хронични болести, вели .д-р Мартин Петровски, Институт за јавно здравје
Дел од тие кои што се јавиле, во почетокот тоа го прават од љубопитство, да видат што точно правиме, ги има и оние кои не сакаат да се откажат, но свесни се за последиците затоа е важно да ги мотивирате без да стигматизирате веднаш, вели д-р Петровски кој и самиот решил да ги откаже цигарите применувајќи ги методите на Советувалиштето за откажување од пушење во Институтот за јавно здравје.
Да, јас сум поранешен пушач, многу е тешко навистина е тешко. Треба многу голема волја, решителност. Едноставно решив толку, свесен дека правам нешто што е штетно, дека не ми доликува како некој што работи во борбата против пушењето и баш тоа дополнително ме охрабри да се откажам од пушење, изјаваи д-р Мартин Петровски, Институт за јавно здравје.
Во целост го поддржува Новиот предлог закон за заштита од пушење, затоа што штетата која се нанесе во изминативе години со непочитување на стариот закон доведе сега да говориме за она што некои ќе забележат дека е ригоризен.
Според министерот Алиу со новиот закон се предвидени мерки за подигнување на јавната свест и поддршка за прекин на зависноста, систем кој ќе им помогна на пушачите да ги остават цигарите без да бидат стигматизирани.
Нина Стефанова
