Вести Свет

„ТикТок“, конечно, доби свој ентитет во САД – Трамп се заблагодари на Џинпинг што го одобри договорот

Платформата „ТикТок“ денеска го формира својот американски ентитет „ТикТок УС“ по повеќегодишни преговори со кинеските сопственици на социјалната мрежа, компанијата „БајтДенс“ чија апликација ја користат над 200 милиони Американци.

Компанијата потпиша договори со американските фирми „Оракл“, „Силвер Лејк“, како и инвестицискиот фирма „МГХ“ од Обединетите Арапски Емирати за формирање на нов заеднички правен субјект – „ТикТок УС“ кој ќе работи под „дефинирани заштитни мерки кои ја штитат националната безбедност низ сеопфатна заштита на податоците, безбедност на алгоритмите, модерирање на содржината и софтверски гаранции за корисницуте во САД“, се наведува во соопштението.

Договорот го пофали и американскиот претседател Доналд Трамп кој на својата социјална мрежа „Три Сошл“ се заблагодари на неговиот кинески колега Си Џинпинг што соработуваше и на крајот го одобри договорот.

Нов извршен директор на американскиот дел од компанијата ќе биде Адам Пресер, кој ќе соработува со седумчлен, мнозинско американски, борд на директори во кој ќе биде и извршниот директор на „ТикТок“, Шу Чу.

Со договорот се става крај на повеќегодишната неизвесност за судбината на популарната апликација меѓу Американците, имајќи го предвид законот што го усвои Конгресот со кој ќе биде забранета за Американците доколку не се пронајдат американски сопственици.

„Оракл“, „Силвер Лејк“ и „МГХ“ сега имаат по 15 отсто удел во сопственичката структура, а кинески „БајтДенс“ останува на 19,9 отсто во заедничкиот удел.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Возеле во спротивен правец на автопатот Гостивар-Тетово – двајца приведени

Дејан Дејан

Приведени четворица заради убиство во скопски Таор – мажот прво ја пријавил за исчезната, а потоа дека ја нашол мртва жената

Дејан Дејан

Василевска: Нема да дозволиме опструкциите на СДС да го забават реформскиот процес

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе