Вести Македонија Најважни

Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“

Со вкрстено испитување на сведок предложен од обвинителството, во Основниот кривичен суд – Скопје, денеска, продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“. Случај кој се води за незаконско набавување лекови, прикривање преку фиктивни тендери и присвојување на дел од терапијата.  Обвинети се поранешниот медицински директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и економскиот директор на Клиниката, Нехад Нухи.

Сведокот кој денска треба да се појави на судењето е поранешен финансиски раководител во Фондот за здравствено осигурување , откако на претходното рочиште расправата беше прекината поради приватни обврски на еден од членовите на Судечкиот совет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 30.6.2026

meteo

Голем пожар се шири на хрватскиот остров Вис

Дејан Дејан

Блокиран e главниот приод кон аеродрoмот поради сообраќајна несреќа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе