Вести Македонија

Дваесет и пет години од нападот во Теарце и убиството на Стојановски

Веќе 25 години, одбележувањето на денот кога почна конфликтот во 2001 година и убиството на Момир Стојановски, се одржува на местото каде тогаш постоела полициска станица. Повеќе од една деценија станицата е во нов објект, па одбележувањето се прави на приватен имот кој сега е отпад за стари возила.

„Сакам да апелирам до министерот за внатрешни работи да ја разгледа нашата Иницијатива од 07.02.2011 година, оваа плоча да се стави во Полициската станица во с. Теарце, бидејќи ова место каде во тоа време била Полициската станица денес е приватен имот, а и условите не се соодветни за овој чин“, истакна Марин Најдов.

Во нападот со ракетен фрлач, покрај Момир Стојановски, повредени беа и тројца полицајци.

„Ова место е длабоко врежано во нашата лична и колективна свест. Затоа сме денеска тука, да се поклониме на местото на настанот, пред оваа спомен плоча, која предупредува и нè потсетува на тоа. Момир Стојановски е првиот непребол меѓу останатите бранители во 2001-та година“, додаде Најдов. 

За нападот на полициската станица во 2001 година одговорноста ја презеде т.н. Ослободителна народна армија (ОНА) по што започнаа повеќе оружени напади врз државните безбедносни сили.

Александар Самарџиев

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 30.6.2026

meteo

Голем пожар се шири на хрватскиот остров Вис

Дејан Дејан

Блокиран e главниот приод кон аеродрoмот поради сообраќајна несреќа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе