СДСМ тврди дека ВМРО-ДПМНЕ, заедно со Петре Шилегов и Јован Деспотовски, водат координирана кампања на напади со иста реторика и пораки. Како примери се посочуваат нападите за лидерската средба, каде ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и Шилегов и Деспотовски, ја критикуваат СДСМ со идентични формулации.
Истата, според СДСМ, се повторува и околу законските решенија за системот „Сејф сити“, каде сите три страни ја обвинуваат СДСМ за блокирање на клучни безбедносни проекти.
Дополнително, од СДСМ укажуваат дека Шилегов и Деспотовски бараат оставка од претседателот Венко Филипче, без, како што велат, ниту една критика кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски или кон владините политики. Според СДСМ, ова е доказ дека нападите се однапред договорени и синхронизирани.
