Вести ДИРЕКТНО Македонија

Јаревски: Би сакал фокусот да биде на зголемување на просечната и максималната, а не на минималната плата

Во вечерашната емисија „Директно“ зборуваше Тони Јаревски, кој е пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и магистер по економски науки. Тој истакна дека законите треба да се почитуваат, и сите страни да бидат задоволени во донесување на одлуките.

„Ќе се трудиме да се исполнат колективните договори, законските одредби, и легислативата која ја детерминира оваа проблематика. Во тој дел целосно се сложувам. Самата легислатива е направена за да може да се направи основа сите права да бидат задоволени, а од друга страна да имаме основа за развој на државата. Законите треба да се почитуваат. Јас се сеќавам кога се донесе формулата. Ова не е изолиран остров. Сите страни да седнат и да бидат задоволни во донесување одлуки за овој процес“,  изјави Јаревски. 

Дополнително тој истакна дека неговиот став е насочен кон зголемување на просечната и максималната, но не и на минималната плата.

„Предвидено е 7% раст на платите и 10% раст на пензиите, така да од тој аспект јас не би сакал генерално фокусот да биде на минималната плата, но сум за зголемување на просечната и максималната плата“, рече Јаревски. 

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Владата на Мцкоски систематски го унишутва пензискиот систем

Дејан Дејан

Иран изврши напади со беспилотни летала врз Бахреин и Кувајт – Трамп се заканува „САД ќе бидат принудени воено да ја завршат работата“

Дејан Дејан

Мајка од струшко ги оставала своите две малолетни деца да спијат во возилото додека била на работа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе