На крајот на минатата година МЕПСО го раскина договорот со фирмата Енергоинвест ДОО Сараево за изградба на 400 киловолтната конекција со Албанија со образложение дека изведувачот не ги исполнувал обврските, но и барал дополнително плаќање заради зголемени трошоци за материјали и услуги. Беше објавен нов тендер за избор на изведувач.
Но, на прашањата на Телма до каде е постапката за енергетското поврзување, колку заинтересирани се пријавиле, завршен ли е процесот на еволуација има ли избор на компанија и ако има за кој станува збор, од преносниот систем МЕПСО не добивме одговори.
Па, поради тоа и натаму останува да виси прашањето дали овој пат ќе успее процесот за енергетското поврзување со Албанија.
Кога се соопшти дека се објавува нов меѓународен тендер првиот човек на Мепсо Бурим Љатифи зборуваше дека проектот е важен за енергетската стабилност за земјава и за отпорноста на преносната мрежа и нова можност за нови приклучоци.
Телма претходно објави дека раскинувањето на договорот со претходната фирма- Енергоинвест ДОО Сараево според неофицијални информации ќе го чинат МЕПСО околу 8 милиони евра.
На ова од компанијата одговорија дека станува збор за паушална и шпекулативна сума, без конкретно да одговорат колку ќе треба да се плати.
За ова поврзување се предвидува изградба на 100 тина километри надземен далновод и трансформаторска станица Битола 2 до македонско – албанска граница во вкупна вредност од 17 милиони евра. Парите се од заем и грантови од ЕБОР и европските фондови. Претходно се зборуваше дека планот е изградбата да почне на почетокот на 2026 тата , а да заврши на крајот од 2027.
Павле Беловски
Избрана е фирмата потврдува МЕПСО
Дека темата заслужува одговор, говори и брзата реакција од акционерското друштво МЕПСО во насока на прилогот на Телма. Оттаму појаснуваат дека постапката во сите три фази се одвива со највисоките меѓународни стандарди и ригорозни процедури пропишани од Европската банка за обнова и развој без простор за било какви импровизации.

- Евалуацијата на понудите е целосно комплетирана. Во најскоро време ќе се пристапи кон финалните чекори за склучување на одоговорот, за што јавноста ќе биде веднаш известена, штом тоа ќе го дозволат протоколите на ЕБОР. Интерконекцијата Битола- Елбасан не е само технички проект, туку гарант за енергетската безбедност и регионална поврзаност на нашата држава. Иако не беше наведено дека МЕПСО би бил платил отштета туку беше поставено прашање до нив преку јавноста, оттаму уредно одговраат дека раскинувањето на договорот со Енергоинвест ДОО Сараево немас да го чини МЕПСО осум милиони евра, заради тоа што поголем дел од опремата потребна за реализација на претходната јавна набавка беше набавена од страна на именуваната фирма, а сега е веќе во владение на АД МЕПСО, велат од компанијата.
