Вести Македонија Топ вести

ЦУК: Во Ресен, Битола и Демир Хисар повеќе нема излевање на реките

Состојбата со обилните врнежи низ државата е стабилизирана, информираат од Центарот за управување со кризи.

Во Ресен, Битола и Демир Хисар повеќе нема излевање на реките, а нивото на водата е значително намалено и во опаѓање.

Одронот на патот Битола – Кичево кај с. Железнец е целосно расчистен.

Во Охрид, по навлегувањето вода во подруми и дворови, сите надлежни служби интервенираа и каналите се расчистуваат; водостоите се во благо опаѓање.

Во Скопје, Штип, Велес, Неготино, Кавадарци, Свети Николе, Струмица, Тетово и Куманово нема пријави за нарушување на редовната состојба и нема излевања на реките. Сите региони се во стабилна состојба.

https://telma.com.mk/2025/11/22/galerija-videopoplaveni-50-kuki-megu-koi-i-hotel-pod-voda-vo-resen-po-izlevane-na-rekite-bolnska-i-istochka/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Термоцентралите на Западен Балкан загадуваат 6,6 пати над дозволените граници – извештај на мрежата „Бенквоч нетворк“

Sasko Dimovski

Прифатени седум од 105 поднесени амандмани за Предлог на законот за судска служба

Sasko Dimovski

Вишиот управен суд со пресуда поништи одлука за концесијата за Иловица

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе