Вести Свет Топ вести

Парализирани градови, затрупани патишта – снег во регионот

Обилните снежни врнежи парализираа многу градови во регионот, објави РТС. Сообраќајот е во застој во Сараево, снежната покривка во Кнежево е висока повеќе од половина метар, а Нови Град е исто така покриен со снег.

Автопатот Источно Сараево-Фоча беше затворен неколку часа во текот на денот бидејќи неколку камиони се заглавија на патот пред Трново.

И покрај обилните снежни врнежи, возилата се движеа низ Романија без поголеми проблеми.

Зимските служби во Бања Лука се зафатени со чистење на снегот во повисоките делови од градот, каде што има најмалку 20 сантиметри снег.

Неколку села и населби во Бања Лука се без електрична енергија.

На патиштата во Србија нема снег и тие се проодни, но постои опасност од мраз, соопшти денес Јавното претпријатие „Патишта на Србија“.

Локализиран мраз е можен поради најавените ниски температури во утринските и вечерните часови, особено на делниците покрај реките, долините, клисурите и мостовите.

На истите делници е можна и магла, се додава во соопштението на „Патишта“.

Претпријатието им советува на возачите да не тргнуваат по патот без зимска опрема и да ја прилагодат брзината на условите на патот.

Федералниот хидрометеоролошки институт сè уште прогнозира снег и лапавица во поголемиот дел од Босна и Херцеговина.

И Хрватска е под снег, а длабочината на снегот на некои места надминува 30 сантиметри, а бројни автомобили се заглавени на патиштата.

Сообраќајот е отежнат и во близина на Сплит, Клиш и Риека.

Снег паѓа и во Лика, Горски Котар, централна и северозападна Хрватска, Славонија и Далматинска Загора.

Снег паѓа и во северна Црна Гора вечерва, а има мраз на патиштата, што го отежнува сообраќајот на некои делови. Маглата дополнително ги комплицира условите за возење, а снегот покри и дел од автопатот, јавува РТЦГ.

На автопатот Скопје – Велес на неколку места се забележани помали одрони на патот, меѓутоа автопатот е прооден и Македонија Пат работи на санирање на истите, соопштуваат од Автомото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Термоцентралите на Западен Балкан загадуваат 6,6 пати над дозволените граници – извештај на мрежата „Бенквоч нетворк“

Sasko Dimovski

Прифатени седум од 105 поднесени амандмани за Предлог на законот за судска служба

Sasko Dimovski

Вишиот управен суд со пресуда поништи одлука за концесијата за Иловица

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе