Преговорите за најавената реконструкција на Владата се во тек и сѐ уште нема договор помеѓу коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ и Вреди.
Премиерот Мицкоски не открива детали ниту дали ќе има промени во ресорите коишто во моментов ги водат кадри на ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно, Вреди го соопштија своето барање за столче плус во владиниот состав. Откако првиот вицепремиер и министер за животна средина од нивните редови, Изет Меџити, стана нов градоначалник на Општина Чаир, тие сега од владиниот партнер бараат и министерското место да остане кај нив.
За вицепремиерското место, од Вреди го предложија Беким Сали.
Б.С.
