Вести Свет Топ вести

Нуклеарната енергија повторно станува прифатлива за ЕУ

Чешка е последната европска држава која објави конкретни планови за зголемување на производството на енергија од своите нуклеарни капацитети.

Војната во Украина, намалувањето на зависноста од руските енергенси и потребата од индустријализација и развој на вештачката интелигенција ги натера мноштвото членки на унијата повторно да се свртат кон нуклеарната енергија, откако пред 15 години ветија дека ќе ја напуштат.

Мораме да произведеме електрична енергија од нешто, имајќи ја во предвид реалноста дека потрошувачката овде во Чешка, но и ширум Европа, ќе продолжи да расте и покрај напорите да се намали, затоа што мораме да ги замениме фосилните горива. На пример, ќе ги замениме во греењето, ако некој користи јаглен за греење, ќе се префрли на струја или клима уред, а и за двете е потребна електрична енергија. Електричната мобилност е феноменот на денешницата, меѓу другото. И на крај, но не и најмалку важно, тоа што се случува во моментов, дата центри, вели извршниот директор на проектот за изградба на новите реактори во Дуковањи, петр заводски.

Чешка планира да изгради два нови реактори во постоечката централна Дуковањи, од кои секој ќе има капацитет од 1.000 мегават часа. Освен тоа, плановите предвидуваат покрај новите два, да се создаде простор да бидат инсталирани уште дополнителни два.

Нуклеарната енергија е интегрален дел од чешкиот енергетски микс. Сепак, важно е да се напомене дека нуклеарните реактори кои во моментов се во изградба нема да започнат со производство до втората половина на следната декада, под претпоставка дека се ќе оди по планот, вели мартин седлак, директорот на чешката асоцијација „модерна енергија“.

Целта на земјата е да го удвои производството на нуклеарната енергија и да ја намали својата зависност од фосилните горива, да гарантира стабилни и ниски цени на електричната енергија, додека во исто време ги исполни барањата за намалување на штетните емисии на стакленички гасови.

Мислам дека нуклеарната енергија треба да задоволи 50 до 60 проценти од енергетската побарувачка до 2050 година. Лично сметам дека ќе биде околу 60 проценти, можеби и малку над тоа, а обновливите извори ќе го надополнат тоа, смета заводски.

Иако нуклеарните централи произведуваат отпад, сепак тој отпад не предизвикува емисии на стакленички гасови, кои се главниот двигател на климатските промени. По повеќе од една деценја, ЕУ конечно ја прифати нуклеарната енергија во својот систем за класификација на погодни за животната средина економски активности, со тоа отворајќи ја вратата за нови инвестиции во секторот.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе