Вести Македонија Топ вести

Ја држел против нејзина волја, пред ја ја убие и закопа во дворот, свирепо убиство во Штип

Седумдесет и девет годишна штипјанка е свирепо убиена од страна на 74 годишен маж, кој претходно насила ја држел во неговиот дом, по што откако ја убил со нож, нејзиното тело го закопал во дворот.

Од МВР соопштија дека 79 годишната жена на 24 октомври била пријавена за исчезната, од страна на нејзината 84 годишна сестра. По преземаните мерки и истрага од полицијата трагите ги водат во домот на 74 годишниот Д.А кој со нож ја убил 79 годишната штипјанка.

По преземени мерки, а поради сомнение дека противправно ja држел во неговиот дом, на 10.11.2025 со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом и биле пронајдени и одземени повеќе предмети и траги од крв. По претресот, тој бил лишен од слобода и му била изречена мерка притвор во траење од 96 часа и бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Куманово, вели во соопштението од МВР.

По дополнително преземени мерки и добиено вештачење на одземените траги и предмети, во СВР Штип повторно е извршен разговор со Д.А. во кој тој детално го појаснил начинот на кој го извршил убиството.

Телото е пронајдено и по наредба на јавен обвинител било дадено на обдукција, а Д.А. бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Во соопштението на МВР не се наведуваат детали кои се мотивите за убиството на 79 годишната штипјанка. СВР Штип во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава против 74 годишниот  Д.А  од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство” и “противправно лишување од слобода”.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе