Вести Свет

Јубилејна 25-та „Ракијада“ во Валандово

Во Валандово се одржа јубилејната 25. „Ракијада“, манифестација што четврт век го слави лозарството и традиционалното производство на домашна ракија – еден од најпрепознатливите белези на регионот. Оваа година, производителите се согласни: грозјето беше квалитетно, но пазарните услови сè уште ги притискаат лозарите.

Лозарот Вангел Доролојков од Валандово вели дека приносот бил различен зависно од нивата.

Оваа година не фати град. Имам една пет декари, ништо не зедов од неа. А другата нива даде околу 1.200–1.300 килограми грозје од декар. Цената беше 17 денари. Не задоволува, скапи се препаратите, режењето, сѐ сами плаќаме, вели Вангел Доролојков, лозар од Валандово.

Иако пласманот сè уште е предизвик, климатските услови оваа сезона биле на страна на лозарите.

Оваа година беше многу добра, климатските услови се многу битни за нашето поднебје. Имаме добро грозје, во последно време се оди на трпезни сорти. Винарија имавме голема, се затвори, но се наоѓа пласман. Проблем е што младите не сакаат да работат… се напуштаат лозјата, објаснува Марјан Белчовски, производител.

Традицијата на варење ракија во Валандово се пренесува од колено на колено. Годинава на Ракијадата има дваесет казани кои ќе се натпреваруваат во мајсторијата на варење домашна ракија.

Градоначалникот на Валандово, Ѓоко Камчев, најавува дека од следната година ракијадата ќе трае два дена. Целта е преку овие манифестации да се поттикнат производителите да ландираат домашни производи.

Се надевам дека во годините што доаѓаат овие настани ќе му овозможат на Валандово да биде уште позастапено во културите, обичаите на нашата држава. Што повеќе посестители да не посетуваат и од то да направиме бизнис. Ние мораме да им го покажеме патот на производителите на домашна ракија, како тие од тоа да заработуваат, вели Ѓоко Камчев, градоначалник на Вландово.

Јубилејната „Ракијада“ уште еднаш потврди дека во Валандово ракијата не е само пијалок – тоа е традиција, идентитет и жива врска меѓу генерации, што заедницата решително ја чува.

Сузана Мицева

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бугарското МНР се дистанцира од скандалот со објавувањето на дипломатската нота поврзана со семејството на премиерот Мицкоски

Дејан Дејан

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе