Вести Емисии Нексус Свет

Планетата Земја над очекуваната граница на затоплување

Изминува 2025, уште една година со екстремни температури поради климатските промени. Мината го носи епитетот „најжешка година досега“, со толку голем скок на температурата што планетата го помина големиот климатски праг, затоплување од 1,5 степени Целзиусови поставен во прединдустриското време.

Агенциите за следење на временските услови објавија дека ова е прв пат во историја планетата да биде над очекуваната граница на затоплување во тект на цела година.

Научниците велат дека ако Земјата остане над прагот долгорочно, тоа ќе донесе пораст на смртните случаи, уништување на природата, истребување на животинските видови и зголемување на нивото на морето.

Екстремните временски услови придружени со затоплувањето ги прават некои региони повлажни, а други посуви, а Блискиот Исток и Медитеранот се меѓу оние што се сушат.

Климатските промени веќе ги поставија темелите за мегапожарите во Калифорнија, каде дождот предизвика бујна вегетација, а потоа сушата и ектремната температура предизвикаа пожари.

На земјоделците во Нигерија им е сè потешко да добијат доволно вода за своите посеви.

Речните корита се сушат, а за нив единствен, оскуден извор на вода е пумпањето на подземните води. Прстот е вперен кон климатските промени, а заштитниците на природата предупредуваат дека храната може да стане оскудна ако итно не се преземат мерки.

Калливата бара е сè што остана од реката од каде Насиру Бело обезбедуваше вода за неговите плантажи.

Сите овие работи се резултат на климатските промени, бидејќи во претходните години не знаевме за сувоста на реките, но сега поради климатските промени тие се суви. Сигурно, сите луѓе таму, некои од нив, ја пресметаа загубата пред неколку години кога реките се исушија бидејќи немаат никакви средства за наводнување освен реката, вели Бело, земјоделец од нигерија.

Нему не му останува ништо освен да продолжува да ги сади во сувата земја. Екстремната топлина во Пакистан во истовреме и монсунските дождови ги оштетуваат житарките и ги намалуваат приносите.

Замјоделците живеат во неизвесност како да преживеат.

Откако беше собрана пченицата, добив вода само еднаш пред неколку месеци. Посевите на банани се оштетени бидејќи не можев да добијам доволно вода за да ги спасам. Како би можел да посеам нови култури ако немам доволно вода? Ако добијам доволно вода, тогаш би можел да посеам некоја друга култура што би можела да се успее. Што би можел да направам? Што треба да правиме? Ако ја продадеме земјата, каде ќе одиме, се прашува Шаман Мирали, земјоделец од Пакистан.

Сирија бележи тренд на намалени врнежи од дожд во последните 40 години, а новата влада се обидува да ја обнови земјата по 14 годишната граѓанска војна, што остави милиони осиромашени луѓе.

Имавме многу мал принос, а времето беше жешко оваа зима. На земјата ѝ недостасува вода. Оваа сезона е слаба, може да се рече половина сезона, ја сумира последната година земјоделецот Мансур Махмуд ал-хатиб.

Климатските промени предизвикани од човекот се одговорни за смртта на околу 1.500 луѓе во европскиот топлотен бран во јули, покажа прва брза студија од ваков вид, изработена од научници од Империјал и Лондонската школа за тропска медицина.

Оваа студија го зема в предвид директното поврзување на употребата на јаглен, нафта и природен гас со умирањето на луѓето. Од 1.500 смртни случаи што им се припишуваат на климатските промени, студијата откри дека повеќе од 1.100 биле луѓе на возраст од 75 години или постари.

Да не ги заборавиме и катастрофалните поплави што го зафатија Тексас во јули. Во трагедијата во кампот за девојчиња Мистик, во поплавите загинаа 27 деца. Вкупната бројка на жртви во деструктивните поплави изнесува најмалку 136 луѓе.

Анализа на Асошиејтед Прес за урагани од категорија 5, не само што го погодиле Атлантикот во текот на изминатите 125 години, покажа големо зголемување на тие бури од највисок размер. Имало 13 бури од категорија 5 од 2016 до 2025 година, вклучувајќи три оваа година..

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изјави дека светот ја губи битката против климатските промени, во опасност трајно да ја надмине границата од затоплување од 1,5 степени Целзиусови.

Бидејќи климатските промени земаат замав и ни треба драстично намалување на емисиите за да можеме да го одржиме порастот на температурата во рамките на 1,5 степени. На работ сме да ги изгубиме овие битки, изјави генералниот секретар уште во мај годинава.

Многу научници веќе го прогласија прагот од 1,5 за мртов. Тој праг е она што Парискиот договор го постави како глобална граница за затоплување пред 10 години.

Мислам дека 1,5 степени е блиску до одлучувачката точка, што значи дека сè уште е остварливо, но сега ни треба драматично намалување на емисиите. И без тоа драматично намалување на емисиите сега, 1,5 степени навистина ќе стане невозможно да се одржат, смета гутереш.

Всушност, 2024 година го помина тој праг, иако научниците велат дека е потребен просек од 20 години, а не една година, за да се смета дека прагот е надминат. Во меѓувреме, продолжува екстремно непредвидливото време. Климатските промени и годинава се главна тема на глобалниот Самит на ОН во Бразил.  Европската унија веќе најави дека ќе ги намали емисиите на јаглерод за 90% до 2040 година.

Билјана Ставрова


Анализата беше емитувана во Глобалниот магазин Нексус на Телевизија Телма, петок 14 ноември, 2025.

Нексус се емитува секој петок во 17 часот, а репризното издание е во сабота во 13:30.


 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе си делат ли контејнер неколку угостители за да избегнат казни за фрлање смет по 22 часот?

Дејан Дејан

Корупцискиот скандал со проневери преку ИПАРД на опозициските пратенички прашања – обвинувањата се префрлија на собраниска говорница

Дејан Дејан

Села испорача три услови без кои нема да разговара за влез во владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе