Вести Македонија

Дивите приклучоци и честите дефекти на старата водоводна мрежа причина за 60% загуби на вода во Штип

Шеесет и два отсто од водата за пиење се губи низ примарната и секундарна мрежа во Штип. Оваа вода не се фактурира, бидејќи некои од граѓаните  на диво се приклучиле на мрежата или пак поради застарените цевки се појавуваат чести дефекти.

Штип наредната година со СКАДА системот ќе го реши проблемот, а овој систем ќе овозможи следење и управување со целокупната водоводна мрежа во градот.

Во моментов тече постапката за разгледување на понудите од фирмите, а какошто вели директорот на комуналното претпријатие „Исар“, Александар Арсовски овој Скада систем ќе им овозможи континуирано следење на притисокот, протокот и дистрибуцијата на водата во реално време.

Арсовски појаснува дека преку СКАДА системот веднаш ќе се откриваат дефектите, но и ќе се откриваат и дивите приклучоци на водоводната мрежа. Според пресметки на штипски „Исар“ годишно поради загубата на водата од 62% не се фактурираат 2,5 милиони евра.

СКАДА системот за градот Штип чини половина милион евра, а средствата се обезбедени од вториот повика на Владата од унгарскиот заем. Инаку, Штип во наредната година се очекува и целосно да го реши проблемот со водоснабдувањето во високите зони на градот, со изградбата на двата резервоари.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бугарското МНР се дистанцира од скандалот со објавувањето на дипломатската нота поврзана со семејството на премиерот Мицкоски

Дејан Дејан

Два силни земјотреси со јачина од 7.5 и 7.2 степени ја погодија Венецуела

Дејан Дејан

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе