Вести Македонија Најважни

Финансиска го сомничи Беџети, поранешен градоначалник на Сарај, за дивоградба – тој обвинува за политичка позадина

Ова е парцелата во Сарај за која поранешниот градоначалник на Сарај Блерим Беџети заработи кривична пријава од Финансиската полиција. Според финансиска, тој заедно со други петмина вработени во општината, еден инжинер за надзор и една вработена во Град Скопје, го оштетиле буџетот за 1,7 милиони евра. Сомнежите се дека осумтемина и овозможиле на фирмата „Азра Идриз“ од Глумово да изгради зграда на парцела која незаконски била урбанизирана, добила лажна дозвола за градба и надомест за уредување градежно земјиште, па дури бил извршен и технички преглед на нелегално изграден објект.

„Постојат основи на сомнение дека пријавените лица, вработени во Општина Сарај, иако биле свесни дека за катастарската парцела КП10405/6 КО Сарај не постои донесен детален урбанистички план, со пречекорување на своите службени овластувања изготвиле и одобриле извод од план и одобрение за градба со невистинита содржина, како и пресметки за надоместок за уредување на градежно земјиште, спротивно на законските прописи, а надзорниот инженер извршил технички преглед на објектот и изготвил завршен извештај со невистинита содржина“, соопштуваат од Финансиска полиција.

Беџети не одговараше на повиците, но на „Фејсбук“ напиша дека ова е фабрикувана кривична пријава.

„Сум поминал многу поголеми политички притисоци од овие. Не отстапив тогаш и нема да отстапам ниту денес. Нарачaните пријави не ме заплашуваат. Напротив, ми даваат уште поголем мотив да останам на страната на граѓаните и да се борам за отчетност, правда и демократија. Јас не се плашам. Вистината не се затвора со политички пријави“, напиша Блерим Беџети на „Фејсбук“.

Податоците од катастарот за парцелата која е со површина од 2.373 квадрати покажуваат дека на неа веќе има зграда која е сопственост на фирмата „Азра Идриз“. Парцелата е заедничка сопственост на пет сопственици меѓу кои две фирми, а во зградата има 40 станови во кои сè уште како сопственик се јавува фирмата „Азра Идриз“.

Сопственик на оваа фирма пак е Идриз Имери чии телефонски број пак може да се најде на Фејсбук страница Отпад Идриз. Телма контактираше со него, но не сакаше да дава изјава. Вели дека од нас дознал за кривичната поврзана со неговата зграда, но дека се е легално. На интернет страницата на компанијата е објавен и оглас за продажба на становите, но и отпадот како дејност со која се занимава истата компанија. Регистрирана е како градежна но во декември 2023 година добила дозвола за управување со отпад од Управата за животна средина.

Обвинителстовто ја примило пријавата и веќе ги проверува сомнежите. Премиерот Мицкоски пак денеска за кривичната рече дека нема да прават естрада од случајот и и да упаѓаат по домови со специјални единици. Инаку од обвинителството ќе зависи каква одлука ќе донесе за пратеникот Беџети кој има имунитет и останатите седдумина осомничени.

Билјана Николовска

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Власта со закани за затвор, опозицијата со психолошки дијагнози – собраниска седница за пратенички прашања

Sasko Dimovski

(Видео) Клековски: Лани потрошени околу 178 милиони евра за лекови на рецепт

Sasko Dimovski

Земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди северниот дел на Јапонија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе