Вести Економија

РКЕ не очекува промени во цените за пренос и дистрибуција на струја

Регулаторната комисија за енергетика до крајот на месецот или почетокот на следниот месец ќе ги соопшти цените за пренос и дистрибуција на електричната енергија. Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, изјави дека не очекува никакви поместувања во овој дел, иако МЕПСО побара минимално зголемување од 0,67 проценти за преносот… Во текот на овој месец ќе се спроведе тендер за набавка на загубите на електричната енергија, кои имаат значително влијание врз крајната цена. По неговото завршување, ЕВН Хоум ќе ја соопшти новата цена за домаќинствата и малите потрошувачи, согласно новиот Закон за енергетика. Од МЕПСО истакнуваат дека нема да има испади во текот на зимата, бидејќи инвестираат континуирано во нови проекти, меѓу кои 110 kV далекуводот Прилеп – Битола, интерконекцијата со Албанија и реакторот за реактивна енергија во трафостаницата Дуброво.Овие инвестиции се дел од плановите за надградба на преносната мрежа и обезбедување непрекинато снабдување на граѓаните.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Доверба му изгласаа 58 пратеници, за смена се изјаснија 19 – Тошковски ја „преживеа“ и третата интерпелација во собранието

Sasko Dimovski

Дали Јанушев крие фирма во Бугарија – СДСМ бара истрага од Антикорупциска, од Владата велат се работи за инсинуации

Дејан Дејан

Финансиската дупка во ПИОМ нова политичка препирка меѓу власта и опозицијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе