Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за еден денар, а бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 за половина денар за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,486 ден./кг. и сега ќе изнесува 36,427 ден./кг.
Според одлуката на Комисијата, Еуросупер БС-95 од полноќ ќе изнесува 74,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по 76,5 денари/литар, дизел горивото ќе чини 72 денара за литар, а маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,5 денари за литар. Цената на метанот не се менува и останува 57 денари за килограм.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,613%, кај дизелот за 2,881%, кај екстра лесното масло има намалување за 0,251% и кај мазутот има исто така намалување за 2,898%.
