Гувернерот Славески не очекува санкциите кон Русија да донесат нов ценовен шок. По благиот скок смета дека ќе има стабилизација. Инфлацијата која сè уште е висока, се надева дека до крајот на годината ќе се намали.
Иако ММФ прогнозира да остане 4 отсто, Славески очекува минимално да падне под оваа бројка.
По одлуката за забрана за транзит на руски гас од ЕУ до трети земји, САД воведе санкции и за руската нафта. Дел од домашните експерти се загрижени и предупредија дека е можна нова ценовна криза. Можеби не во големи размери, но сметаат дека поместување на цените ќе има. Премиерот, пак, уверува дека тоа нема да се случи. Дел од стопанствениците се надева дека недостатокот од одредени добра ќе се надомести.
Говернерот Славески говореше и за ефектите од влезот на земјава во СЕПА преку која се добиваат намалени трошоци за прекугранични трансакции. Одредени држави кои се веќе подолго време дел од СЕПА успеале да заштедат и до 40 милиони евра од цените на прекуграничните трансакции кај дијаспората. Таков е случајот со Молдавија.
На конференцијата за СЕПА присуствуваа гувернери од централните банки во регионот, банкраски сектор и нефинансиски институции.
Ирена Чачкова
