Вести Македонија

Нова пријава пред ДКСК во врска со постапката за избор на судија во Стразбур

Изборот на македонски судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во застој – пред Антикорупциска комисија уште една претставка за судир на интерес. Овојпат за директорката на АСЈО, Ирина Трајкоска Стрезовски која е член на комисијата што го врши изборот, а еден од кандидатите кои го минаа првиот филтер и беше на интервју е Илир Исени, кој е заменик директор во Академијата.

„На ден 24.10.2025 година до Државната комисија за спречување на корупцијата е доставена пријава против директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајкоска Стрезоски за можен судир на интереси како член на Комисијата за селекција и избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права, во постапката за селекција на кандидатите. По наведената пријава е оформен предмет и постапувањето е во тек“, информираат од ДКСК. 

Трајковска Стрезовски во телефоснки разговор за Телма рече дека за претставката разбрала од медиумите, но смета дека не постои конфликт на интереси, затоа што заменикот не го бира директорката, туку Управниот одбор на Академијата. Потенцира дека Исени беше пријавен и на претходниот оглас, но тогаш немало пријава, а сега има, иако околностите не биле променети.

Новата пријава дополнително ќе ја одложи постапката, потврдуваат од Комисијата, откако претходно одлучија да ја чекаат ДКСК да се произнесе и за претходните пријавите за судир на интерес пред да ги избере тројцата кандидати за судија кои ќе одат пред Советот на Европа.

Три пријави имаше за претседателот на Уставен, Дарко Костадиновски кој е на чело и на комисијата затоа што деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Сашо Георгиевски кој е меѓу кандидатите му бил ментор за неговиот магистерски труд и за докторската дисертација. И Костадиновски веќе се произнесе дека не може да стане збор пристрасност, ниту за потенцијален судир на интерес, а својот став го испратил и во ДКСК.

„Од страна на претседателот на Комисијата за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права, Дарко Костадиновски е доставен одговор на барањето од ДКСК за прибирање информации. По разгледување на добиениот одговор и утврдување на фактичката состојба, ДКСК ќе донесе одлука на јавна седница која ќе биде јавно објавена на ВЕБ страницата на ДКСК“, соопшти ДКСК.

Во понеделникот, 11-мина од 20 пријавени кандидати беа повикани на интервју, меѓу кои судии, адвокати и универзитетски професор даваа интервју пред комисијата.

Владата кон крајот на јули го поништи претходниот избор, ја разреши старата Комисија и формираше нова. Владата тврдеше дека тројцата кандидати, обвинителката Ленче Ристоска, судијката Габриела Гајдова и адвокатот Јордан Апостолски, не ги исполниле критериумите, но тие не добија никакво образложение. Ристоска за сите нерегуларности го известила Советот на Европа.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Барањето на Македонија за гаранции за влез во ЕУ е невозможно, став на Мојсовска во Топ Тема

Дејан Дејан

Протестен марш на ДУИ против укинувањето на одлуката за преименување на десетина улици од 2007-ма година

Igor Trajkov

Пораките од Брисел се јасни: без уставни измени, земјата може многу малку да искористи од новите иницијативи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе