Вести Македонија

Проширувањето на ЕУ со Западен Балкан е штит против екстремниот национализам

Македонија, Албанија и Црна Гора треба што поскоро да станат дел од Европската Унија (ЕУ) и дека веќе се губи време за тоа е стaвот на шпанскиот историчар, проф. д-р Хесус Нието Гонзалес, експерт за македонското прашање и почесен професор на Мадридскиот универзитет, кој зборувајќи на темата Западниот Балкан во современите меѓународни односи, во организација на „Институтот Преспа“ и амбасадата на Шпанија, рече дека само на тој начин ќе се постигне одредена стабилност во Западниот Балкан.

„Потребни ни се овие три земји во Европската унија. Тое е единствениот штит против есктремниот национализам,единствен штити. Единствен штити, не сакам да споменувам имиња, да се избегне враќањето на Балканот на одредени сили во Европа“, рече проф. д-р Хесус Нието Гонзалес, Автономен универзитет на Мадрид.

Гонзалес притоа смета дека Шпанија мора цврсто да застане зад тоа и да ја напушти досегашната улогата на аутсајдер во регионот. Шпанскиот историчар смета и дека разделувањето на пристапувањето на Македонија и Албанија и побрзото чекорење на Албанија и Црна Гора кон ЕУ, може да ѝ создаде проблем за земјава, сличен како тој со бугарски пасоши, односно вадење на албански и црногорски пасоши од страна на македонските граѓани.

За она што пак Европската унија треба да го направи за да го забрза процесот на пристапување, Гонзалес смета дека треба да биде менување на едногласното носење на одлуки на толку важни прашања, како приме на нови члнекли, со носење одлуки со квалификувано мнозинство.

Дека Шпанија се залага за менување на начинот на носење одлуки во ЕУ, од едносгласно со квалификувано мнозинство потврда стигна од шпанскиот амбасадор во Македонија, Рафаел Сориано Ортиз, кој притоа рече дека Шпанија безрезервно го поддржува проширувањето со земјите од регионот. Сепак, тој потсети на обврската која Македонија ја презела за исполнување на таа цел.

„Ако Северна Македонија го исполни тоа што како обврска го презеде во 2022 и секако, ги исполни политичките и економските критериуми Од Копенхаген, целата Унијата, земјите-членки и особено Шпанија целосно ќе го поддржат тој процес“, рече Рафаел Сориано Ортиз, амбасадор на Шпанија во Македонија.

Ортиз денеска ја презентираше и новата стратегија на Шпанија за надворешно дејствување 2025 – 2028 како одговор на неизвесноста на времето во кое живееме, при што Шпанија е на став дека само обединети, Европјаните можат да ја играат клучната улога во обликување на новиот светски поредок.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Барањето на Македонија за гаранции за влез во ЕУ е невозможно, став на Мојсовска во Топ Тема

Дејан Дејан

Протестен марш на ДУИ против укинувањето на одлуката за преименување на десетина улици од 2007-ма година

Igor Trajkov

Пораките од Брисел се јасни: без уставни измени, земјата може многу малку да искористи од новите иницијативи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе