На влезот во Старата битолска чаршија, во непосредна близина на дрвениот мост на реката Драгор, познат како Мост на вљубените, Општина Битола почна со изградба на спомен-обележје на естрадниот уметник Јонче Христовски.
Изградбата на споменикот се врши со посебно решение за поставување спомен-обележја и скулптури, а инвеститори се Општина Битола и Стопанска банка АД Битола, која е и донатор на иницијативата.
Во својот творечки живот овој пејач, текстописец и композитор остави силна трага во македонската музика.
Тој е автор на хитовите „Македонско девојче“, „Куќа имам на Пелистер“, „Ај засвирете ми чалгии“, „Едно име имаме“, „Ах љубов, пак љубов“ и многу други песни.
Македонската културна јавност го памети како автентичен и оригинален изведувач, кој на посебен ги интерпретираше мелодиите, а публиката уживаше во неговата изведба.
Христовски е роден на 10 јануари 1931 година во Битола, а почина во Скопје на 15 април 2000.
фото: screenshot youtube
Б.С.
