Вести Македонија

Македонија ќе го стигне просекот на ЕУ за 56 години

На Македонија ќе и бидат потребни 56 години за да го достигне стандардот на земјите од Европската унија, покажува извештајот изработен од осум организации од целиот регион, кои една година работеле на анализа за приближувањето на земјите од Западен Балкан кон ЕУ. Според резултатите, Македонија најбрзо напредува во здравството и дигитализацијата, додека за социјалните политики и инфраструктурата се проценува дека е потребнo повеќе од еден век за да се стигне европскиот просек.

„Податоците и извештајот за Македонија покажуваат дека доколку ги земеме трендовите од изминатите пет години и ги видиме таргетите како просек на стандардот на живот и услови за живеење во ЕУ, тогаш можеме да видиме дека ќе ни бидат потребни 56 години за да го постигнеме тој просек“, изјави Виктор Митевски, Здружение за истражување и анализи ЗМАИ.

Истражувањето покажува дека постојат фактори кои може значително да го забрзаат процесот. Потребно е да се работи на економијата, социјалните политики и дигитализацијата, со што дел од времето од 56 години би можело да се преполови. Како најважно се наведува растот на платите, што би придонел за поголема продуктивност на работниците.

„Во рамки на истражувањето направени се сценарија кои ни кажуваат дали овој период ќе се намали доколку имаме полноправно членство на ЕУ, имаме пристап до заедничкиот европски пазар, имаме пристап до фондови или пак имаме продолжена институционална поддршка“, додаде Митевски.

Овие податоци се дел од извештајот што денеска го објави Здружението за истражување и анализи ЗМАИ, изработен како резултат на едногодишна работа на осум организации од регионот, кои се фокусираат на приближувањето на земјите од Западен Балкан кон Европската унија.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе