Нема голема неизвесност, она што може да го забележиме компаративно во споредба со претходните локални и други изборни циклуси, е дека политичките партии се многу поспособни да организираат кампања, да го максимизираат својот изборен резултат, тоа што го ветиле да го испорачаат, рече политикологот Борјан Ѓузелов во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„За главните четири блока тоа е заокружен процес. Мислам дека сите имаат програми, имаат доста софистицирани центри за обработка на податоци, отприлика знаат на кои гласови може да очекуваат. Значи се подготвени да прават доста информирани одлуки“, изјави Ѓузелов.
С.Д.
