Од први јануари ќе се менува цената на струјата. Но, какви сметки ќе добиваат граѓаните се уште е рано да се зборува, вели првиот регулатор Бислимовски. Најмногу зависи од тоа по која цена ќе ја продава својата струја ЕСМ на Универзалниот снабдувач ЕВН ХОУМ. Сега чини 62 евра. Од друга страна зависи и од тоа колку ќе чини преносот и дистрибуцијата. За ова одлука регулаторна треба да донесе до крајот на идниот месец. Пресметките од МЕМО, МЕПСО и Електродистрибуција веќе ги добиле. Какви се нивните барања се уште нема информација. Сепак, Бислимовски не очекува да има сериозен скок на цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи.
Може би ЕСМ ќе продолжи со 62 евра. Може би мрежарините ќе ги намалиме ги работиме барањата за Електродистрибуција и за МЕПСО и премногу е рано и не би сакал да шпекулирам, изјави Марко Бислимовски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика
Треба да се донесе и нова цена на парното. Во текот на летото немаше промена затоа што се чекаше проценката за вредноста на топланите. Познавачите предлагаат при носење на одлука да се земе предвид дека дел од топлинската енергија која доаѓа од ТЕТО е добиена со производство на струја, а не со купениот гас.
Поентата е дека тоа треба да се земе во обзир и има простор за намалување на сегашните цени ај да не кажам намалување, изјави Константин Димитров, универзитетски професор
Вчера и официјално започна грејната сезона. Но, дел од домаќинствата немаат парно заради дефекти. Од друга страна пак поради ремонт на цевка во Бугарија преку која се испорачува гас во земјава онаму каде има парно радијаторите се слаби.
ЕСМ пак компанија која од пред некоја година го менаџира и парното веќе извесен период не работи најдобро. Според, последните податоци минусот на компанијата е над 45 милиони евра.
Ирена Чачкова
