Вести Македонија Топ вести

Системот развива егоисти, индивидуалци, наместо личности со емпатија

Многу малку време се посветува внимание на воспитниот процес на децата, а тоа е круцијално за да нема меѓуврсничко насилство или познато како булинг, смета научната фела. За жртвите и  насилниците се дознава преку социјални мрежи. Децата денеска го снимаат насилството кога се случува и не помагаат на жртвата. Причината е што системот развива егоисти, индивидуалци, наместо личности со емпатија.

Универзитетскиот професор, Софија Георгиевска од Филозофскиот фактет при УКИМ-Скопје, вели булингот е неизоставен дел и со менталното здравје. Тој не застанува само во училиштето или надвор од него, туку тогаш почнува, а продолжува дома.

Во најголемото штипско основно училиште бројката на случаи на булинг е различна секоја година, но тенденција е истата да се намалува.

Научната фела вели само со партнерско и мулитисекторско работење може да се прекине насилството. Токму затоа треба и да се работи на национална Стратегија, која ќе подразбира од истражување, препознавање до превенција.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алиу на панел-дискусија во Гостивар: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител

Дејан Дејан

Потпишан Договор за воспоставување заеднички гранични премини меѓу Македонија и Албанија

Дејан Дејан

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе