Многу малку време се посветува внимание на воспитниот процес на децата, а тоа е круцијално за да нема меѓуврсничко насилство или познато како булинг, смета научната фела. За жртвите и насилниците се дознава преку социјални мрежи. Децата денеска го снимаат насилството кога се случува и не помагаат на жртвата. Причината е што системот развива егоисти, индивидуалци, наместо личности со емпатија.
Универзитетскиот професор, Софија Георгиевска од Филозофскиот фактет при УКИМ-Скопје, вели булингот е неизоставен дел и со менталното здравје. Тој не застанува само во училиштето или надвор од него, туку тогаш почнува, а продолжува дома.
Во најголемото штипско основно училиште бројката на случаи на булинг е различна секоја година, но тенденција е истата да се намалува.
Научната фела вели само со партнерско и мулитисекторско работење може да се прекине насилството. Токму затоа треба и да се работи на национална Стратегија, која ќе подразбира од истражување, препознавање до превенција.
Викторија Јованова
