Хамас доби зелено светло за спроведување на безбедносни операции во Појасот Газа, групата сака „запирање на проблемите“ и „ние им дадодвме одобрение на одреден временски период“, рече американскиот претседател Доналд Трамп на пат кон Израел.
„Имате два милиона луѓе кои се враќаат во разурнати згради и може да се случат многу лоши работи. Затоа, сакаме тоа да биде безбедно. Мислам дека ќе биде во ред. Кој знае“, изјави Трамп во претседатечскиот авион Air Force One на пат кон Израел.
Палестинската милитантна група, според неговиот мировен план, ќе мора да се разоружа и да престане да управува со енклавата. Таа веќе распореди сили за внатрешна безбедност во крајбрежните делови на Појасот, по стапување на сила на примирјето, велејќи дека „сакаат да го запрат беззаконието и грабежите и да спречат безбедносен вакуум“.
Безбедносните сили на Хамас во изминатите два дена се судираат со припадници на клан во градот Газа. Министерството за внатрешни работи под контрола на Хамас понуди амнестија за луѓето за кои тврди дека се придружиле на разбојнички банди кои се сметаат за одговорни за кражба на хуманитарната помош и градежи, под услов да не биле вклучени во крвопролевање.
