Американскиот претседател Доналд Трамп претпладнево слета на меѓународниот аеродром „Бен Гурион“ во Израел, каде беше дочекан од неговиот колега и домаќин Исак Херцог и премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Трамп ќе одржи говор пред израелските пратеници во Кнесетот, со што ќе стане четврти претседател на САД кој го сторил тоа од основање на израелскиот парламент во 1949 година и прв по 2008 година.
Трамп ќе добие претседателски Орден на честа, највисоко цивилно признание на израелската влада, соопшти кабинетот на Херцог. Орденот се доделува на Трамп како признание за неговите напори за ослободување на 48 заложници кои ги држеше Хамас од кои 20 се живи.
С.Д.
