Денеска се слави 84-годишнината од денот на народното востание, низ целата земја се одржаа свечености на кои политичките лидери повикаа на единство, надоврзувајќи се на идеалите на антифашистичката борба.
Централната прослава се одржа во Прилеп, градот-херој, со богата програма и присуство на државниот врв.
Во Скопје, во собранието се доделени годинашните награди „11 Oктомври“.
Наградата за животно дело во областа на културата и уметноста е доделена на актерката Теута Ајдини Легени, хорскиот диригент проф. Летка Димовска и на продуцентот и промотор на македонската уметност Иво Јанкоски.
Во областа на науката и образованието годинава наградата му е доделена на проф. д-р Константин Димитров, машински инженер и на академик Глигор Јовановски, хемичар.
