Вести Македонија Најважни

Украдени 18 килограми злато вредни 1,8 милион евра од златара во Гостивар

Злато вредно 1 милион и 800 илјади евра е украдено вчера во филмскиот грабеж на златара во центарот на Гостивар и пред очите на локалните жители кои се затекнале на местото на настанот. Само што настапила ноќта четворица маскирани лица со оружје влегле во објектот во центарот на градот и во близина на малиот пазар и успеале да украдат 18 килограми злато.  Некои од луѓето кои се нашле во близина на објектот не само што биле сведоци на тоа како маскираните лица излегуваат и бегаат со џип од марката „БМВ“,, туку и ги снимиле. На видеото се гледа дека ограбувачите се облечени во црно и маскирани со фантомки и дека и покрај присуството на жителите тие мирно го напуштаат местото со џипот, од кој набрзо ќе се ослободат.

  • „На 10.10.2025 во 18:45 часот во СВР Тетово е пријавено дека четири маскирани лица со автоматско оружје извршиле разбојништво во златарница во близина на малиот пазар во Гостивар, сопственост на С.Ж. од Гостивар, при што одзеле околу 18 килограми злато во вредност од околу 1,8 милиони евра. По извршување на делото лицата побегнале со патничко моторно возило “БМВ х3”  без регистарски таблички“, соопштија од МВР.

Џипот полицијата го пронашла запален на регионалниот пат Мавровска крстосница кој води накај Маврово. Гостиварските пожарникари го изгаснале возилото во кое при вршење на проверка била пронајдена автоматска пушка со бајонет. По наредба на јавен обвинител џипот е однесен во кругот на Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

  • „Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во текот на ноќта и утрово издава повеќе наредби и насоки со цел откривање на сторителите“, велат од обвинителството. 

Грабежот во Готивар е еден од најголемите грабежи на златара во земјава со оглед на вредноста на украденото злато.

Марија Митевска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе