Вести Македонија

По пожарот во Кочани – тивка криза

Помина половина година од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, но раните што ги остави таа ноќ се уште не се заздравени. Тоа не беше само несреќа, беше колективна траума што остави длабоки траги врз целото општество. Се повеќе луѓе бараат психолошка поддршка. Оние кои ја преживеаја трагедијата, особено младите, како и оние кои загубија блиски, се уште се борат со болката и стравот. Нестабилноста, несигурноста и чувството дека ништо повеќе не е исто се почесто се појавуваат како симптоми на посттрауматски стрес, анксиозност и депресија.

Младите генерално се се посвесни за менталното здравје и се грижат многу повеќе отколку во минатото,велат лекарите и сметаат дека во ова време на отуѓено живеење насекаде треба да се вратиме на суштината, а тоа е заедништвото и можноста да си помогнеме еден на друг.

  • „Семејството, локалната заедница и ние, професионалците треба да бидеме достапни бидејќи сослушувањето на луѓето кои се во криза е фактор кој може да придонесе за надминување на кризата“, вели проф. д-р Антонио Новотни.

Фондот за здравствено осигурување за првпат ја вклучи менталната здравствена состојба како дел од превентивните прегледи кај матичните лекари. Тие ќе имаат задача да опфатат дел од осигурениците и навреме да препознаат можни ментални нарушувања. Ова е важен чекор кон подобра грижа за менталното здравје во примарната здравствена заштита.

  • „ФЗО за првпат вклучи состојба од ментално здравје во превентивните прегледи и цели кај матичните, кои ќе имаат задача да поминуваат еден дел од осигурениците и да детектираат евентуално такви состојби“, вели Сашо Клековски директор на ФЗОМ.

Под мотото „Пристап до услуги за ментално здравје при итни и кризни состојби“ денеска на градскиот плоштад „Македонија“ се одбележа Светскиот ден на менталното здравје. Целта е подигнување на свеста, а годинешното одбележување во фокусот ги става токму „интервенциите во криза“ како што е несреќата во „Пулс“, во која загинаа 62 лица. Пораки за заедништво и поддршка, денеска испратија и граѓаните.

Симона Петровска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе