Дали преку апликација, дали преку веб-сајтови или на некој друг начин тоа е лесно да се реализира денеска во дигиталното доба, рече Антонио Димитров, кандидат за градоначалник на Општина Карпош од Левица, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма, во однос на осигурување на видливост на сите сервиси и услуги кои ги има општината за граѓаните да знаат што (не)добиле за данокот што го плаќаат.
„Мислам дека со една поопсежна анализа, тоа да се достави до граѓаните. Мислам дека лесно ќе имаат увид во тие аспекти од општинското работење“, вели Димитров.
Во вечерашната дебата во „Топ тема“ беа поканети сите пет кандидати за градоначалник на Карпош, учеството го откажа Сотир Лукровски, кандидат на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со објаснување „со обврски со партиски митинг“ и „претходно договорени настапи на други телевизии“.
С.Д.
