Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека 43-годишната сопруга на пулмологот Зекирија Шаини е приведена во Куманово „поради основи на сомнение дека е поврзана со обидот за убиство на нејзиниот сопруг“. Според полицијата, сè уште трае потрагата по напаѓачот кој има 36 години и е од Гостивар.
Во полициската станица во Куманово биле повикани шест лица, а извршен е претрес на една куќа во Куманово, стои во соопштението на МВР кое го пренесуваме во продолжение:
„На 07.10.2025 полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода А.А. (43) од Тетово, поради основи на сомнение дека е поврзана со обидот за убиство на нејзиниот сопруг З.Ш. (43) од село Слупчане, липковско. Исто така, во врска со настанот на службен разговор во СВР Куманово се повикани шест лица, а во домот на Б.С. (50) од Куманово по судска наредба, е извршен претрес.
По целосно документирање на случајот, против А.А ќе следува соодветна пријава, додека против Љ.Ф. (36) од Гостивар, кој се сомничи за обид за убиство и сè уште е во бегство, по консултација со Основното јавно обвинителство, исто така, ќе биде поднесена кривична пријава.
Шаини во моментот ја извршува функцијата претседавач на Совет на Општина Липково и носител е на советничката листа на ДУИ за претстојните избори. Шаини е лекар специјалист по пулмологија и е вработен на скопската Клиника за пулмологија.
Зекирија Шаини е пуштен на домашно лекување имал четири рани од куршуми
