Обезбедувањето на „Државни патишта“ денеска во полиција пријавило дека две сомнителни лица го разгледувале местото на седиштето на јавното претпријатие, а едно од нив оставило и куфер, по што е утврдено дека истиот е празен. Претпријатието се наоѓа на плоштадот „ВМРО“ во центарот на Скопје.
„Денеска (08.10.2025) во 12:55 часот лице од обезбедувањето на ЈП „Државни патишта“ пријавило дека на видеонадзор пред канцелариите на ЈП „Државни патишта“ на плоштадот „ВМРО“ во Скопје биле забележани две лица како го разгледуваат местото, а едно од лицата оставило куфер. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека куферот е празен“, велат извори од МВР за Телма.
