Вести Свет

Спасени стотици планинари од Монт Еверест по силна снежна бура

Околу 900 планинари, водичи и друг персонал кои беа заглавени на кинеската страна на Монт Еверест поради силна снежна бура викендов, се спасени и стигнале на безбедно, соопштија државните медиуми.

Бурата го зафати регионот во саботата навечер, блокирајќи пристап до областа каде што планинарите престојувале во шатори на надморска височина од над 4.900 метри.

Според локалните власти, околу 580 планинари и повеќе од 300 водичи, носачи на опрема и други работници останале заглавени.

Некои од планинарите имале симптоми на хипотермија, а околу десетина од нив биле евакуирани од спасувачки екипи.

Туристичката зона на Монт Еверест во тибетскиот регион на Кина е привремено затворена.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе