Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските вооружени сили и понатаму ја контролираат „стратешката иницијатива“ во воената операција во Украина. Тој ова го соопшти на средба со генерали во Санкт Петербург.Путин тврди дека руските сили „ослободиле речиси 5.000 квадратни километри“ украинска територија. Пред состанокот, заедно со дел од воениот врв, посети катедрала во Санкт Петербург, каде се помолија и положи цвеќе на гробница. Истовремено, рускиот лидер одржа и состанок на Советот за безбедност во резиденцијата Ново-Огарјово, фокусиран на сајбер-безбедност и заштита на информативната инфраструктура.
