Организацијата на работодавачи на Македонија ја претстави студијата за социјалниот дијалог и состојбата на работната сила во секторот за водоснабдување и канализација. Истражувањето, опфати четири земји и ја потенцира важноста на социјалниот дијалог за подобрување на работните услови. Резултатите покажуваат дека најголемиот дел од работниците во секторот ја оценуваат висината на платата како клучен фактор за избор на работно место, додека здравствената заштита, безбедноста на работното место и можностите за професионален развој се исто така значајни за задржување на кадарот. Испитаниците укажуваат и на потребата од подобрување на имиџот на секторот, особено за привлекување на младите. ОРМ најавува продолжување на активностите за унапредување на социјалниот дијалог и поддршка на развојот на работната сила со цел подобрување на условите за работа и стабилноста на пазарот на труд. Истовремено, организацијата потенцира дека колективното преговарање сè уште е недоволно искористено како алатка за решавање на конфликти во Македонија.
ОРМ: Платата и условите за работа главни фактори за задржување кадар
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
