Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, реагираше на барањата за негова оставка од страна на дел од партиите во земјава по вооружениот инцидент во Куманово, оценувајќи ги како „очајни, неосновани и политички мотивирани напади“.Тој истакнува дека осум години уништување на државата не можат да се избришат со папагалско повторување на зборот „оставка“ и дека институциите конечно функционираат без партиска контрола.Тошковски потенцира дека критиките не се однесуваат на неговата работа, туку на резултатите кои ги постигнал – кривични постапки против корумпирани судии, расчистени криминални банди, уапсени членови на терористички ќелии и поднесени кривични пријави против поранешни функционери.Тој нагласува дека е првиот министер кој преживеал две интерпелации и дека нема да поднесе оставка, туку ќе продолжи со работа за решавање на проблемите. Во коментар на фејсбук вели дека за него политиката не е шоу, туку одговорност“, најавувајќи дека на претстојните локални избори граѓаните ќе ја кажат вистината за тоа кој работел, а кој ширел паника и хистерија.
Тошковски: Нема да си поднесам оставка, политиката не е шоу, туку одговорност
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
