Не ја знам моменталната ситуација со дивоградбите во општината, но може да направиме увид, да ги разгледаме работите и не можам да кажам дали истите ќе се рушат или не, но доколку на државно земјиште е нешто направено, децидно кажувам дека ќе се руши, порача Горан Трајковски, кандидат за градоначалник на Кисела Вода од коалицијата предводена од СДСМ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Имаме останати предмети за легализација од 2012 година и од 2018 година. Општинската администрација ќе има зголемен обем на работа со нивно разгледаување. Сите оние кои што ги исполнуваат законските услови, да ги реши, бидејќи е една од болните точки на граѓаните со кои разговарам“, истакна Трајковски.
Во вечерашната дебата во „Топ тема“ беа поканети сите седум кандидати за градоначалник на Кисела Вода. Присуството го откажа само Марко Ташков од група избирачи.
С.Д.
