Вести Македонија Топ вести

Министерството за здравство: Повредите на Зекирија Шаини не се животозагрозувачки

Министерството за здравство со вознемиреност ја прими веста за вооружениот напад во Куманово при кој беше повреден нашиот колега, доктор Зекирија Шаини. Ја известуваме јавноста дека повредите не се животозагрозувачки и дека докторот е во стабилна состојба и се опоравува.

Ќе биде обезбедена целосна поддршка за докторот додека трае неговото опоравување и рехабилитација.

Министерството категорично осудува било какво насилство против здравствените работници и потврдува дека нивната безбедност е приоритет.

  • Ќе работиме на унапредување на мерките за заштита на персоналот во здравството преку соработка со здравствените установи и локалните власти, најавуваат од здравство.

Министерството активно ќе соработува со Министерството за внатрешни работи и локалните власти во Куманово за целосно расчистување на случајот.

Повикуваме на воздржаност, почитување на приватноста и солидарност кон повредениот и неговото семејство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алиу на панел-дискусија во Гостивар: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител

Дејан Дејан

Потпишан Договор за воспоставување заеднички гранични премини меѓу Македонија и Албанија

Дејан Дејан

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе